Математика 1 е мобилна едукативна апликација која претставува прв чекор во светот на математиката на еден нов, иновативен и забавен начин.
Таа преставува виртуелна збирка која се состои од 45 мини игри и ги опфаќа следните математички теми:броеви и броење, собирање и одземање, форми и мерки.
Содржините во оваа игра имаат за цел да им помогнат на учениците од прво одделение да ја научат или повторат математиката на еден поинаков начин. Преку забава и игра, малите математичари ќе вежбаат математика, ќе развиваат моторика и ќе ја подобрат својата концентрација.
Едукативната игра има внимателно избран дизајн, суптилни анимации и аудио материјали со цел да го привлечат и задржат вниманието на децата. Задачите се интересни, а методот на учење се основа на постојано поттикнување на успехот на детето со пофалби и прифаќање на секое погрешно решавање на задачата, бидејќи потрагата по решение е дел од детското учење и творење.
Ако имате било какви повратни информации и сугестии за тоа како би можеле понатаму да го подобриме дизајнот и интеракцијата на нашите апликации и игри, ве молиме оставете ни порака на playmoood@gmail.com.
Skich utilizza cookie e tecnologie simili per fornire, migliorare, mantenere la sicurezza e analizzare i propri servizi. Cliccando su "Accetta tutto", acconsenti all'utilizzo dei nostri cookie e dei cookie di terze parti previsto dalla Politica sui cookie.