Предучилишна математика е збир од 42 математички и логички активности наменети за најмалите.
Со оваа едукативна мобилна апликација децата од предучилишна возраст ќе ги научат основните математички операции како прв чекор во светот на математиката.
Апликација е богата со содржина каде децата ќе ги научат: основните броеви, домино броевите, операцијата броење, да подредат (по големина,висина,тежина,боја),2д и 3д формите,низите од бои и форми, собирање и одземање,ќе го научат часовникот и точното време,годишните времиња, боење според даден збир и логичките игри и сложувалки.
Оваа едукативна игра е наменета за децата од предучилишна возраст но и за работа со помали деца кои сакаат да научат математика со цел да ја подобрат својата логика и моторика но и развој на нивната креативност.
Ако имате било какви повратни информации и сугестии за тоа како би можеле понатаму да го подобриме дизајнот и интеракцијата на нашите апликации и игри, ве молиме оставете ни порака на playmoood@gmail.com.
Skich usa cookies y otras tecnologías para proporcionar, mejorar, asegurar y analizar sus servicios. Al hacer clic en «Aceptar todas», accedes a que usemos nuestras cookies y las de terceros conforme a la Política de cookies.