*** Македонски крстозбор ***
Македонски крстозбор во кој сите зборови се добро познати.
За секој збор има детален опис.
Крстозбор во кој нема планина во Холандија или река во Кувајт.
*** Начин на играње ***
- Со притискање на некое поле, тоа се обележува со портокалова боја, и со жолта боја останатите полиња од зборот.
- Со наизменично притискање на исто поле се менува зборот од хоризонтален во вертикален или обратно.
- Лентата со опис на зборот е исто така копче кое притиснато го прикажува целиот текст во посебен прозор.
- Кога е обележано полето, тогаш може да се внесе буква од тастатурата или да се побара помош од копчето за „Опции“ во долниот лев агол.
- Во долниот десен агол има копче за бришење на буква.
- Кога е пополнет крстозборот и сите внесени зборови се точни излегува порака дека крстозборот е решен.
Копчето за „Опции“ содржи:
- Откривање на буква
- Откривање на збор
- Решавање на цел крстозбор
- Бришење на сите внесени букви
- Враќање дома кај листата со крстозбори
Skich usa cookies y otras tecnologías para proporcionar, mejorar, asegurar y analizar sus servicios. Al hacer clic en «Aceptar todas», accedes a que usemos nuestras cookies y las de terceros conforme a la Política de cookies.